Реконструкција на улица во населба Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ извршија увид во градежните работи за целосна реконструкција на улицата „Бранко Заревски“, во населбата Драчево.

Од општината апелираат до граѓаните во наредните десет дена да не ги паркираат возилата на тротоарите со цел непречено одвивање на работните активности.

Со инвестицијата на Општина Кисела Вода, на улицата ќе се изврши гребење на постоечкиот асфалт и ќе се постави нов во должина од 600 метри и ширина од 7 метри.