Реконструкција на спортската сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“

Санација на спортската сала, замена на подот од паркет и бојадисување на ѕидовите се само дел од градежните активности на кои интензивно се работи во текот на летниот период во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“.

Општина Ѓорче Петров соопшти дека салата ќе добие нов модерен гумиран под.

Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општината Ѓорче Петров и ќе чини над два милиони денари.

Во текот на летниот период и во останатите општински училишта се вршат мали реконтрукции и поправки

Во ООУ „Страшо Пинџур“ и ООУ „Ѓорче Петров “ се врши санација на дел од кровната конструкција и бојадисување на ѕидовите на спортската сала. Во ООУ „ Тихомир Милошевски“ се врши поправка на спортската сала „Христо Батанџиев“ и помошните простории. Влезните врати од спортската сала ќе бидат заменети со нови, а ќе бидат комплетно обновени и седиштата на трибините.