Реконструирана улицата "Наум Наумовски - Борче"

Општина Центар ја асфалтираше улицата "Наум Наумовски - Борче", на делот од кружниот тек во Дебар Маало до булеварот "Илинден", со вкупна површина од 1.087 м2

Како што соопштија од Општина Центар, за да се добие квалитет во реконструкцијата, макадамот е целосно изваден на длабочина од 40-ина сантиметри и поставени се по два слоја тампон и асфалт. Подобрено е одведувањето на атмосферските води, преку вградување на нови сливници.

Претходно бил реконструиран делот на улицата на потегот од булеварот "Партизански одреди# до улицата "Ленинова".

Во изминатите четири години, во Дебар Маало се реконструирани 15 улици во вкупна должина од околу 4.000 метри. На дел од нив, освен нов коловоз и тротоари, според потребите, изведена е комплетна инфраструктура, како нов водовод, фекална и атмосферска канализација.
Следна улица за реконструкција во Дебар Маало е "Коле Неделковски".