Реконструирана оградата околу спортското игралиште во Колонија (ФОТО)

Во населеното место Колонија, општина Гази Баба направи целосна реконструкција на оградата околу спортското игралиште за мал фудбал и ракомет.

Во следниот период ќе се постави и нова урбана опрема (клупи и канти за отпадоци), а на игралиштето ќе се постави вештачка трева, информираат од општина Гази Баба.

Оградата ја изработи фирмата 29 Ноември.