Реконструирана градинката во населбата Ченто

Во градинката „25 Мај“ во објектот Сонце во населба Ченто беше направена реконструкција на две простории и беа изградени два комплетно нови тоалети, кои се адаптираа за сместување на околу 50-тина деца.

Финансиската конструкција за овие градежни активности изнесуваше 463.740,00 денари, а работите ги изведуваше фирмата Ингрес од Скопје, информираат од општина Гази Баба.