Регулаторна одлучи - ова се новите цени на горивата

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поскап за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.


Од полноќ, Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 на бензинските пумпи низ Македонија ќе се точи по 58 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 по 60 денари за литар.

Дизелот од полноќ ќе се продава по 41 денар за литар.