Регулаторна одлучи: Од утре нова цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава.Притоа, донесена е одлука од 1 јули цената на електричната енергија да поевтини за 0,25 проценти.

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава. Со нив се предлага зголемување на производствената цена на ЕЛЕМ за 0,05 отсто во однос на сегашната цена. На преносниот оператор МЕПСО тарифата за пренос му се намалува за 6,3 отсто.

На ЕВН- Електро дистрибуција тарифата му се намалува за 5,89 отсто, додека на ЕВН-Снабдување наместо бараното зголемување за 6 отсто му се одобруваат само 0,1 отсто.

Според пресметките на Регулаторната комисија, овие промени во тарифите ќе резултираат со намалување на просечната цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата за 0,25 отсто во однос на досегашната цена.