Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемија за два и пол денари, додека дизелот поскапе за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на вчерашната редовна седница.

Согласно одлуката, ова се нвите актуелни цени на горивата на бензинските пумпи во земјата:

Еуросупер БС-95 изнесува 60,50 денари за литар,

Еуросупер БС-98 чини 62,50 денари,

Еуродизел изнесува 45 денари за литар,

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава за 33,50 денари.

Мазутот М-1 НС чини 16,837 денари за еден килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 39,010 долари за барел и е за 11,63 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 55,3026 е за 1,408 % повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 17,60%, кај дизелот зголемување во просек за околу 11,59% и кај мазутот зголемување во просек за околу 15,32%.