Регионален собир по баскет во Градскиот Парк

Македонското 3x3 Basketball здружение, на 15-ти и на 16-ти септември, на платото пред скопската фонтана во Градски Парк, ќе го организира првиот 3x3 Basketball турнир на територијата на РМ, официјално признат од FIBA кој што е дел од календарот на светската куќа на кошарката. 

На турнирот ќе учествуваат македонски екипи и екипи од земјите во регионот (Србија, Црна Гора, БиХ и другите). 

Турнирот ќе биде организиран заедно со Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од Македонската Кошаркарска Федерација. Од неодамна, овој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина што ќе биде промовирана на Летните Олимписки Игри во Токио, 2020-та година. 

Позитивен став кон оваа идеја за организирање на првиот официјален 3x3 Basketball турнир на територијата на нашата земја, искажа и Македонскиот олимписки комитет, а несебична помош при организацијата ќе пружат претставниците на 3x3 Montenegro, кои што се официјални организатори на 3x3 турнирите во Црна Гора.