Редовна консумација на пробиотски јогурт за рамнотежата во организмот

Јогуртот одамна станал неизоставен производ во секојдневната исхрана, не само благодарение на својот вкус, туку и поради бројните придобивки за органите за варење и за воспоставување на рамнотежата во организмот.

Благодарение на своето полезно дејство, докторите често препорачуваат секојдневна консумација на пробиотски јогурт заради регулирање на цревната микрофлора и надуеноста, ставајќи го пред бројни лекови, што е потврдено и од медицински истражувања. Едно такво истражување е спроведено од страна на КБЦ Бежаниска Коса каде што е потврдено дека консумацијата на пробиотскиот јогурт Balans+ го регулира варењето по само 10 дена континуирана употреба.

Еве неколку факти за пробиотскиот јогурт и користа од него:

  • Содржи калциум, витамин Б6 и Б12, магнезиум, калиум и фосфор
  • Не се сите јогурти исти, во одржување на функцијата на дигестивните органи се истакнуваат оние кои содржат здрави бактерии во вид на пробиотици
  • Позитивно влијаат на здравјето на коските и претставуваат одлични сојузници во превенцијата на остеопорозата
  • Хранливите вредности на јогуртот растат со поголемата количина на здрави бактерии
  • Пробиотиците во јогуртот влијаат на намалувањето на холестеролот, регулирањето на варењето и запирањето на дијареата
  • Во само 250 гр јогурт содржани се околу 8 гр протеини што дополнително создаваат чувство на ситост
  • Консумацијата на пробиотски јогурт ја зголемува апсорпцијата на витамини и минерали
  • Пробиотиците кои го зголемуваат нивото на добри бактерии во организмот влијаат и на намалување на анксиозноста и стресот