Речник на познати скопски жаргони

Има многу познати скопски жаргони кои исклучиво ги користат жителите на главниот град. Нас ни текна на овие неколку изрази, а вие доколку сакате да ја дополниме листава слободно напишете некоја фраза во коментар.

ПЕЕРЧЕ – блага форма на лице кое го милуваш
БАЦЕ – непознат лик кој не сакаш да го условиш со Пријателе
НЕШО ДА СЕ ДЕШАВА – фраза кога ти е досадно
ФИЉАН – Фиш, Џо, Мокавац, Џокаваџ, Џокла, Џокле, Штрафче….скопска трефка за опуштање
ЅИВРА Е НАДВОР – фраза екстремно ладно време
ПАЦЕР – човек кој не е достоен за твојата интелегенција
ТИ ИБАМ – универзална пцовка на воодушевување
КИНЕСКА КРАЉИЦА – епитет на дама
У – во
КОПИЉ – дете,обично пред тинејџерска возраст
ВИКА – зборува,кажува
ИСКОЧИ – излезе
СПРДАЧАТ, СПРДАЧЕЊЕ – се зезаат, зезање
ЗАЕБАНЦИЈА, ЗАЕБА – шала, глупост, зафркна
ЕБАТЕ БЕЉА – Тоа значи и ништо друго, каде и да го употребиш одговара
СЕКАД/НИКАД – секогаш/никогаш
НАПИЊА – кога некој е упорен за некоја работа

nike air max 1 sale