Деновиве во центарот на вниманието се ракометарите од македонската репрезентација кои во моментов се подготвуваат за Европското првенство во Загреб кое почнува во петок, а нивниот прв натпревар е закажан за во сабота каде ќе ги одмерат силите со Словенија.

Заслужни за успехот кој го постигнуваат на терен, делумно се и нивните понежни половини кои постојано ги бодрат и ги следат во чекор. Па така, во редовите на нашиот состав има голем број на среќно вљубени - дел од нив оженети, а дел во врска.

Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Гоце Георгиевски... се момците кои веќе се имаат заколнато на вечна љубов, како и предводникот на црвено - жолата “фурија” - Раул Гонзалес. Сериозни врски, пак, имаат Стојанче Стоилов ,Филип Талески...

На листата слободни стрелци се вбројуваат Гоце Ојлески, Дејан Манасков, Мартин Велковски, Жарко Пешески... па девојки доколку имате фрлено пик на некој од нив, слободно тргнете во акција!

Раул Гонзалес

Спортската икона и селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, веќе долги години е во брак со русокосата Ана со која има две ќерки, Ана и Сузана. Постарата ќерка името го добила по својата мајка затоа што традицијата во Шпанија налага децата да се крстат по имињата на своите родители, односно ако е машко по таткото, а ако е девојче по мајката.

“Мојата работа е таква, цело време сум со обврски. Често патувам и не можам многу време да поминувам со ќерките. Сопругата е таа која се грижи за нив и максимално е посветена на нивното воспитување. Сепак, Ана и Сузана се мирни деца и немаме никакви проблеми со нив”, вели Гонзалес.

Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров од 17 години е во врска со Љубица, која е две години постара од него. Неговата избраничка по професија е докторка, но иако никогаш не работела според струката, Лазаров во едно интервју откри дека откако ќе заврши со ракометот и ќе се пензионира, Љубица е таа која ќе биде следна на потег и кога ќе ги изигра своите пет минути во кариерата.

“Кон своето семејство сум мек, попустлив, толерантен и емотивен. Мојата сопруга е со мене уште од самиот почеток на мојата кариера е многу сум и благодарен за тоа”, рече  Лазаров.

Плод на нивната љубов се синот Благојче и ќерката Лана.

Филип Лазаров

Помалиот брат Лазаров веќе неколку години е во брак со светиниколчанката Билјана која по професија е дипломиран архитект, а со која претходно беа долги години во врска. Го имаат и синот Милан кој заедно со мама се негова најголема поддршка на трибини и задолжително го следат на сите важни натпревари.

Филип Миркуловски

Миркуловски е уште еден спортист кој со својата сопруга Благица е во љубов од тинејџерските години. По десет години врска ја крунисаа врската со брак,а имаат и две ќерки. Најборбениот ракометар во македонската репрезентација и неговата Благица освен креветот ја делат и професијата - двајцата се дипломирани правници.

“Со Благица бевме во врска десет години. Ме освои со смислата за хумор и убавината

која ја поседува. Како што минуваа годините така полека сфаќав дека таа е жената

со која сакам да го поминам остатокот од мојот живот. Запросувањето беше романтично и во интимна атмосфера. Ништо спектакуларно. Веднаш прифати, а по

неколку месеци направивме и свадба”, откри ракометарот.

Борко Ристовски

На листата зафатени ракометари од неодамна се вбројува и министерот за одбрана - Борко кој пред само една недела ја побара раката на својата девојка Николина со која очекува и дете. Неговата избраничка која по потекло е од Куманово треба да се породи кон крајот на месец март, а веќе е познат и полот на бебето, голманот ќе добие син.

Стојанче Стоилов

Пикерот на Вардар и омилениот ракометар меѓу навивачите веќе неколку години е во врска со струмичанката Катерина, која по професија е дипломиран економист.

Стоилов ретко зборува за приватниот живот, но затоа пак постојано објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Филип Талески

Младиот и талентиран Филип Талески кого многумина го нарекуваат наследник на Кире Лазаров во врска е со голманката на грчиот ПАОК, Матеја Серафимова. Парот е заедно неколку години.

Гоце Георгиевски

Крилото на македонската репрезентација, Гоце Георгиевски кој меѓу ракометарите е познат како Џомба пред три години ја ожени својата долгогодишна девојка Симона, а една година подоцна добија и син.

“Најголемата поддршка ја добивам токму од семејството и мојата сакана Симона. Уште кога ја запознав знаев дека таа е жената со која ќе го поминам остатокот од мојот живот”, потенцираше Георгиевски.