Рецепти за вкусни посни салати

Шарена салата со ориз и туна

Потребни состојки:

900 g варен ориз

400 g туна

200 g грашок од конзерва или варен

2 црвени пиперки исечени на коцки

3 домати исечени на ситни парчиња

1 лажичка ситно исечкан магдонос

1 лажичка ситно исечкани маслинки

4 лажици посен мајонез

Сок од 1 лимон

2 лажички маслиново масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и сервирајте по желба.

Посна салата со компир и пченка

Потребни состојки:

1 kg компир

2 моркова

4-5 кисели краставички

1 мала конзерва пченка

Печени пиперки како додаток

Маслинки

Сол и бибер

Начин на подготовка

Сварете го компирот, излупете го и добро изгмечете го додека не добиете соединета смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус и по желба додадете малку маслиново масло.

Морковот малку сварете го и исечкајте го на коцки заедно со краставичките. Пченката исцедете ја од вода.

Можете да ги измешате сите состојки или прво да ставите во сад половина од пирето, па да ги наредите сите измешани други состојки и одозгора да го доставите останатиот дел од пирето.

Завиткајте со фолија и оставете да отстои 1-2 часа, а потоа превртете ја во соодветна чинија.

air max 90 essential sale