СОСТОЈКИ:

3 јајца

1 лажичка сол

180 мл млеко

70 мл масло

220 гр брашно

1 прашок за пециво

50 гр кулен

50 гр врат

50 гр шунка

2 кисели краставички

150 гр кашкавал

оригано

сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ги сечкаме ситно свинскиот врат, куленот, шунката и краставичките, а кашкавалот се ренда на крупната страна на рендето.

Се матат јајцата во сад со сол и млеко, па се додава маслото и сè убаво се меша.

Во смесата со јајцата се додаваат прашокот за пециво и брашното кои претходно сте ги соединиле.

Ставете ги сечканите кулен, шунка и врат, па киселите краставички и кашкавалот, како и ориганото.

Се става смесата во подмачкан плех и одозгора се става сусамот.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Може да послужите со кајмак, кечап, мајонез или друго по ваш вкус.