Состојки:

2 дл. млеко

2 дл. вода

1 квасец

1 мала лажичка шеќер

1 мала лажичка сол

2 дл. јогурт

1 дл. зејтин

900 гр.  брашно тип 400

2 жолчки од јајце

1 маргарин

еурокрем

чоколадо

Подготовка:

Направете смеса од вода, млеко, шеќер и квасец. Кога ќе надојде квасецот, замесете тесто со 900 грама брашно тип 400, зејтин, јајца, сол, јогурт. Тестото треба да биде меко.

Поделете го во осум парчиња и оставете го да постои 5 минути. Парчињата тесто поединечно измазнете ги со сукало и премачкајте ги со маргарин.

Редете ги парчињата едно врз друго, а најгоре ставете го она  ненамачканото. Направете голем круг.  Поделете го на триаголници, ставете еурокрем и завивајте ги корите  во кифли.

Намачкајте ги со жолчката и оставете ги да стојат еден час на ладно.

Печете ги во загреана рерна околу 20 тина минути.

Кога ќе се оладат натопете ги во топло чоколадо.

Добар апетит!