Реални одговори на мажите: Што ги полудува кај жените?

Голем број на статии и истражувања се обидуваат да дадат одговор на тоа што е она што мажите го обожаваат кај жените, но и обратно. Ова се неколку реални одговорни од мажите.

  • Девојка која може да прифати шега, но и да се шегува. Некоја која е смешна и навистина мудра со шегите, која има одлична смисла за хумор.
  • Начинот како таа изгледа кога ќе те погледне преку рамената.
  • Кога пониска девојка се поткачува на прсти и се обидува да дофати нешто, но не може да го доседне. Тогаш таа мора да побара помош, а тоа е одлична комбинација на слатко и смешно.
  • Кога ќе и дадеш комплимент, а таа слатко се насмевнува погледнувајќи надолу.
  • Кога таа минува со своите прсти низ косата.
  • Кога зборуваш со некоја девојка, а таа станува страствена за темата и го обожава разговорот.
  • Кога таа се смее и ја допира мојата рака или рамо.
  • Кога таа ја врзува својата коса. 
  • Кога таа ја гризнува својата долна усна, насмевнувајќи се.
  • Самодовербата која ја има за да каже и по некоја шега на нејзина сметка.
  • Девојка која пее во својот автомобил.