Реал Мадрид или Јувентус во Скопје

Како што наближува завршницата од Лигата на шампионите, така се приближува и УЕФА Супер купот кој годинава се одржува во Скопје.

ЛШ финалето е веќе познато, Реал Мадрид против Јувентус, и една од овие култни екипи ќе гостува во Скопје, и сигурно дека ќе има голем интерес во нашата земја.

Реал Мадрид е најуспешната шпанска екипа, но и најтрофеен клуб во ЛШ со 11 трофеи, додека Јувентус е најтрофејната екипа од Италија.

Од друга страна, се уште не се познати финалистите во Лига Европа, но како што стојат работите, Ајакс кој има предност со 4:1 по првиот меч против Лион, и Јунајтед кој води со 1:0 против Селта Виго по првиот меч, се блиску до финале во ЛЕ, па дополнително интересен меч во Скопје би бил, кога еден Манчестер Јунајтед би гостувал овде, екипата која веројатно ја има најголемата база навивачи во светот.

Интересот ќе биде огромен, а на располагање за карти, Македонија за домашната публика ќе добие 30%, односно некои 10.000 додека и двата финалисти ќе имаат исто по толку навивачи на „Филип Втори“.