Реакциите на луѓето за тебе и твојот живот се производ на нивниот ум и емотивна состојба

Многу интересен синдром е тоа дека на луѓето никогаш не можеш да им погодиш ништо. 

Кога зборуваш за своите падови, пропусти и лоши денови, тоа им е напорно, ги потсетува на нивните падови и ти замеруваат дека си преоптоварен и дека тоа никој не го интересира. 

Кога не им кажуваш ништо и не коментираш ништо, тогаш си таинствен, неискрен, незгоден, затоа што не знаат што мислиш и си носат сопствени заклучоци за тебе. 

Кога целосно ќе им се отвориш, тогаш си чуден и преинтимен и тоа прави да се чувствуваат непријатно. Незгодно им е. И тогаш не знаат што да ти кажат. 

Кога им зборуваш за болести, тоа ги нервира, затоа што не знаат како да се постават, затоа што болеста е страв и неизвесност и сите сакаат да живеат, а никој не сака да умре. 

Кога ќе им ја кажеш вистината за нешто, тогаш си невоспитан, затоа што сите ја сакаат искреноста, ама само во теорија.

Кога ќе доживееш успех и кога ќе сакаш да го споделиш со луѓето околу тебе, тогаш тоа најтешко го прифаќаат. Се преправаат дека се радуваат, за всушност се нервираат. 

Ако имаш љубов, среќа и задоволство во животот и тоа сакаш да го споделиш со другите, тогаш ќе зборуваат дека глумаш и прикриваш работи и се преправаш дека ти е добро. 

Не крајот сфаќаш дека реакциите на другите немаат врска со тебе и твојата состојба, туку со нив и со нивните ставови и умствена состојба.