Реакции на социјалните мрежи: Единствени дрва во Скопје ќе останат Југодрво и Дрводекор

Во текот на вчерашниот ден на улицата Максим Горки во строгиот центар на Скопје беа исечени 14 јапоски цреши, а и покрај тоа што надлежните информираа дека исечени биле само исушените дрвја, јавноста револтирано реагираше на оваа сеча.

- А можевте само да ставите табли со натпис дека јапонските цреши припаѓаат на хеленистичкото културно наследство, ироничко коментира режисерот Александар Русајков на својот ФБ профил.

- Изгледа единствените дрва во Скопје ќе останат Југодрво и Дрводекор.

- Кому му сметаа најубавите дрвја во ценратот на Скопје, се само дел од прашањата и реакциите на Фејсбук и Твитер.