Разлика меѓу љубов и заљубеност

Не треба заљубеноста да ја правите ваш темел на животот. Таа е убаво чувство, но е сепак само чувство.  Како таква, таа не трае вечно.

Можеме да кажеме дека траат вечно начелата, обичаите, чувствата, знаењето. Всушност, без оглед на тоа што го велат луѓето, заљубеноста не трае долго. Многу бајки завршуваат со зборовите: Живееја среќно до крајот на животот. Ако тоа значи дека цели 50-60 години тие се чувствувале на истиот начин како и на денот на венчавката, тогаш можеме да кажеме дека тоа не е вистина. Но, и да е вистина, зарем би сакале да е така? Зарем би сакале целиот живот да се чувствуваме исто? Што би се случило тогаш со нас?

Секако, престанувањето на заљубеноста не значи и почеток на љубовта. Љубовта има друго значење, таа е различна од заљубеноста, таа не е обично чувство. Таа  претставува длабоко единство постигнато со сила на волјата и навиките. Две личности се сакаат, дури и тогаш кога меѓу себе не си се допаѓаат. Тие се одушевени еден од друг. На тој начин, тие се во состојба да ја одржат својата љубов и кога би сакале би можеле веднаш да се заљубат во друга личност. Но, тие ја имаат и верноста и поврзаноста и навиката и разбирањето. Тоа е всушност љубовта.

Таквата љубов е горивото кое го движи бракот, а додека пак заљубеноста е кратка експлозија која ја активира љубовта во нас.

Clive Staples Luis