Разбојништво во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 29 години, кое се товари за кривично дело – Разбојништво. Како што информира ОЈО Скопје, обвинетиот на 16-ти ноември во 2019-та година, влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку вратата.

Украдени биле вкупно 600 денари во различни апоени. Откако ги одзел парите, обвинетиот повторно и се заканил да не повикува помош и се дал во бегство.