Разбојништво во маркет во Скопје

Синоќа во маркет во Скопје се случило разбојништво.

Две непознати лица синоќа околу 21:30 часот извршиле разбојништво во маркет на ул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, при што со закана со огнено оружје кон вработените одзеле околу 45.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно рачистување на случајот.