Разбојништво во канцеларија на „Брза пошта“, одземени 680 000 денари

Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови во канцелеријата на „Брза пошта“ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје засега непознат сторител извршил разбојништво, соопштија од полицијата.

Од МВР информираат дека лицето со закана со пиштол од вработената одзел 680 000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.