Разбојништво во автобусот број 5 во центарот на Скопје

Го нападнал и му зел 29.400 денари. Полицијата јавува за разбојништво во автобусот со број 5 на ЈСП Скопје.

Според информациите, вчера околу 23 часот на улицата кај Рекорд, непознат сторител го нападнал Д.С. од Ресен додека се возел во автобусот и му одзел 29.400 денари. Од полицијата велат дека трагаат по сторителот.