Разбојништво на бензинска кај Ржаничино

На бензинска пумпа на автопатот Велес-Скопје кај селото Ржаничино, ноќеска околу 04,30 часот, од страна на две вооружени лица било извршено разбојништво над вработената при што и одзеле засега неутврдена сума пари, по што го напуштиле местото на настанот.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници по преземени мерки на надвозникот кај Јурумлери било сопрено возило во кое се превезувале три лица, меѓу кои биле и двете кои одговарале на описот што бил даден од страна на оштетената. Лицата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ биле лишени од слобода во ПС Гази Баба за натамошна постапка.