Маскиран разбојник, вооружен со нож вчеравечер по 21 часот го ограби маркетот Тинекс, лоциран на улицата „Вич“ во скопската населба Карпош 4, јави Сител.

Разбојник, јави телевизијата, влегол во маркетот во кој имало муштерии и на вработената на каса од зад грб и се заканил со нож и побарал да ја отвори касата.

Вработената ја отворила касата, тој ги зел парите, но бил незадоволен од сумата, и побарал да му се отвори и втората касата. Во тие секунди вработената успеала да го притисне копчето за аларм.

Времето течело и во паниката, касата не ја отвориле вработените, а тој успеал да побегне. Очевидци од населбата велат дека забележале момче со марама на лицето како трча низ парковите, во правец на улицата „Никола Парапунов“.

Целиот инцидент е снимен од безбедносните камери во објектот и на самото место пристигна полиција и екипа на Крим техника.