Разбојник како на филм влегол во продавница и ги земал сите пари

Разбојништвото се случило вчера во продажен објект лоциран на булеварот „Митрополит Тоедосиј Гологанов“.

Вчера околу 19.57 часот во ЕИК Скопје, М.Б. од Скопје пријавила дека на булеварот. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво во продавница во која работи истата.

Сторителот се заканил со пиштол на вработената и купувачот, им наредил да се свртат кон ѕидот, по што од касата ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец.

Полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.