Разбојници со пиштоли во маркет во Скопје

Во 23 часот и 43  минути на улицата „Павле Илиќ“ во Скопје, во маркетот на 58-годишниот А.А.  влегле две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол и ги побарале парите од касата.

Маскираните и вооружени разбојници влегле во маркетот и со закана со пиштол од касите одзеле околу 50.000 денари, а потоа избегале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на крадците.