Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, реши да направи измена пред вечерашниот натпревар со Германија.
Филип Лазаров ќе го скокне натпреварот со Германците и ќе се пресели на трибините, додека во составот влегува специјалистот за одбрана Велко Маркоски.
Оваа одлука сите ги изненади со оглед на тоа како играше на последните два натпревари Филип.