Раул Гонзалез заминува од Вардар, потпишал соработка со ПСЖ

Раул Гонзалез си заминува од Скопје на крајот на оваа сезона. Она што веќе неколку месеци се шпекулираше, денеска доби официјална потврда. „Спортмедиа“ ексклузивно дознава дека Гонзалез веќе потпишал договор со ПСЖ.

Човекот кој што на Вардар му ја донесе шампионската титула и тоа на сметка на ПСЖ, по четири години минати на „кормилото“ на македонскиот тим реши дека е време за разделба. Челниците на клубот беа упорни во обидот да го донесат Гонзалез, со кого веруваат дека нивниот тим ќе има незаборавни сезони во Лигата на шампионите. Шпанецот во ПСЖ доаѓа на местото Звонимир Сердарушиќ, кој своето заминување го најави на стартот на оваа сезона.

Извор