Салата „Јане Сандански“ е модерна градба со сите најсовремени услови која ја краси цела општина Аеродром.

-Ако сакаш да тренираш на максимално ниво треба да ги имаш најдобрите услови.Салата „Јане Сандански“ е најдобриот избор.Сум тренриарл на различни места во Шапанија, но не можам да направам никаква споредба со оваа сала биедејќи е многу модерна  и има се. Општина Аеродром гради многу нови објекит во кои може да тренирате кошарка, фудбал, ракомет во Аеродром има се, вели Раул Гонзалес тренер на европски првак Вардар.

Во  добробит од оваа преобразба, освен спортистите и нивната публика добија сите жители на Аеродром. На ова модерно место се собираат младите луѓе и уживаат што во нивната општина има објект каков што сите посакуваа.