Раул Гонзалес: Моето семејство ужива во Скопје, ќерка ми не сака да си оди

Раул Гонзалес, тренерот на македонскиот и европски ракометен шампион Вардар во интервју за „офф.нет.“ вели дека неговото семејство ужива во Скопје и дека на неговите девојчиња ќе им биде тешко кога ќе заминат.

Популарниот „Ел комаданте“ кариерата како тренер од Вардар ќе ја продолжи во Париз Сен Жермен.

– Уф, сите уживаат овде. Мојата постара ќерка Ана има 15 години и игра ракомет за Вардар. Во клубот и се сите другарки, се дружат и излегуваат. Помалата Сузана има 10 години и тренира хип-хоп. Минатата недела освои златен медал на некој интернационален натпревар во Србија. И двете зборуваат македонски и учат во гимназијата „Нова“. Ана прави повеќе проблеми, не сака да оди во Шпанија, не сака да оди во Франција, сака да остане во Скопје. Ама, животот е таков, таа знае дека ќе мора да оди – вели Гонзалес во интервју за „офф.нет.“

Прочитајте го целото интервју на следниов ЛИНК.