Рататули

Рататули е специјалитет од зеленчук, настанат во градот Ница. Може да се послужи како топло предјадење, главно јадење или ладно предјадење, бидејќи може да се подготви и ден претходно.

Подготовка:

Компирот, морковите, празот, печурките и целерот исецкајте ги на коцки. Кромидот и две чешниња лук ситно исецкајте ги. Загрејте две мали лажици масло и додадете го зеленчукот со копирот. Зачинете по вкус со сол, бибер и оригано.  Додадете супа од зеленчук, поклопете и сето тоа варете го 10 минути. Истурете една чаша варен домат и оставете го на тивок оган околу 15 минути.

Состојки:

200гр компир

4 моркови

2 праз

100гр печурки

100мл супа од зеленчук

1 чаша (2,5мл) варен домат

4 стебленца целер

2 главици кромид

2 чешниња лук

2 лажици масло

Сол, бибер, оригано