Расте бројот на загинати - пронајдено удавено момче

Поплавата во Стајковци однесе уште еден млад живот. Последна жртва има само 12 години. Младиот Иван исчезна пред 3 дена за време на големото невреме. Се возело на трактор со својот татко и дедо.

Надојдената вода го превртело возилот, по што на Иван му се губи трага. Таткото не бил во можност да му помогне, а токму тој и го пронајде телото на својот син, синоќа во близина на последне 65ка во село Стајковци. Со ова црниот биланс од незапаметените поплави се зголеми од 21 на 22 лица.

Постои реална можност ова да не е конечната бројка. Се уште се трага по 16 месечно девојче која исчезна од автомобил, кој за време на невремето се движела по скопската обиколница. На малата Елиф и се губи секаква трага во близина на Смилковското Езеро. Животот го загуби и возачот Фуркан Фејзула.

Житите на Стајковци се уште се во шок и неверување од тоа што им се случи. Велат, материјалните штети се огромни, но загинатите комшии и роднини никој неможе да ги врати. И оваа постара госпоѓа, жителка на Стајковци ни раскажа за тоа што се случувало во кобната ноќ.

Недлежните велат дека ќе бидат потребни неколку недели за да се обезбедат основни услови за живот на жителите од погодените краеви, но, за нив приоритетна задача е да ја пронајдат малата Елиф. Се бара интезивно во поширок појас, бидејќи на критичното место водата носеше камиони и по 300 метри, така што девојчето можеби е далеку од местото каде што исчезнало.