Расте бројот на заболени од корона вирус во Македонија - Скопје со висок број на новопотврдени случаи

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти. Од новозаболените, најголема бројка е регистрирана во Скопје (52) и Тетово (14).

Регистриран е еден смртен случај. Се работи за лице од Струга на возраст од 56 години.

Од регистрираните нови случаи 21 се под истражување поради задоцнето пријавување на приватната лабораторија каде истите биле тестирани.

Во Македонија вкупниот број на заразени лица од коронавирус е 2.391.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.148 машки и 1.222 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 507 (21,4%), а кај возрасната група од 50-59 години има 479 заболени. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 90 лица, а од нив 24 се на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (52,4%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,6%) и болка во грло (14,1%).

Кај 791 или 33,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.  Пријавени се 22 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Регистрирани се 273 (11,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 141 смртен случај (Лт = 6,0%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=90). Регистрирани се 96 смртни случаи кај лица од машки и 45 кај лица од женски пол.  Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 132 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Во Македонија извршени се вкупно 31.187 тестирања.

Според исходот од заболувањето, 634 лица (26,8%) се активни случаи, 1.595 случаи (67,3%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 352 (22,1%) биле хоспитализирани додека останатите 1.243 (77,9%) биле на домашно лекување.