Расте бројот на „изгорени“ фирми од Карфур

Бројот на фирми кои се „изгореле“ од работењето со хипермаркетот Карфур расте, велат за еМагазин од Стопанската комора на Македонија.

Нивниот број моментално е над 70, и доаѓаат од различни сектори од трговија до производство.

Од Комората велат дека имаат добра соработка со државните институции со кои заедно разменуваат информации за фирмите кои работеле со затворениот хипермаркет.

Во моментов Карфур го „чешла“ Финансиската полиција и Управата за јавни приходи неофицијално се претпоставува дека штета за македонските е фирми е околу 10 милиони евра.