Растат трошоците за живот

Трошоците за живот во однос јануари 2018 – јануари 2017 година пораснале за 1.1%, додека цените на мало во истиот период бележат пораст за 2.3%, што практично значи дека инфлацијата расте, објави денес Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците за живот, пропратен со големото задолжување и големиот број на отпуштања од работа допринесува до апатија во економска смисла.

Најсиромашните граѓани како пензионерите и примателите на социјална парична помош го чувствуваат најмногу порастот на цените, категории на граѓани кои остана заборавени од власта. Во година кога имаме општ пораст на цените на мало и пораст на трошоците за живот во целост, нема покачување на пензиите, ниту пак на социјалната помош и другите социјални трансфери.

– Во јануари 2018 година во однос на декември 2017 година е забележан пораст на индексите на трошоците на животот кај течните горива за домаќинствата за 10.4%, телефонската и телефакс опремата за 9.8%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.7%, другите лични предмети за 2.5%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4%, домашните миленици и сродните производи за 2.2%, услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 1.2%, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 1.0%, станарините и автомобилите за 0.7%, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.5%, патниот сообраќај за 0.4%, лековите за 0.3%, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0.2%, пишува во соопштението објавено на страната на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците за живот е следствена економска реакција на лошите економски политики на владата, со најавените покачувања на даноците и зголемувањето на цената на акцизата за 3.5 денари, но и безидејноста на економски план и немањето проекти го прави своето.