Распродаден првиот концерт на DUKE & FRIENDS, закажан втор

Поради огромниот интерес, закажан е втор концерт на Дуке и пријателите, за 21ви февруари (недела) во „Метрополис“ арената. Првиот концерт е РАСПРОДАДЕН!

Билетите се веќе во продажба на сите продажни места на Купи карти за се, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Ова ќе биде прв голем концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје, по успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, кулминација на сета негова досегашна концертна работа, зачинет со врвни музички гости, поезија и камерен оркестар.

Овој пат Дуке пред домашната публика ќе се претстави во малку поинакво издание, поразлично од досегашните, заедно со неговите пријатели и соработници: гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, најголемата македонска ѕвезда Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, светски реномираната пејачка Тања Царовска и перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастасијадис - сите придружувани од камерен оркестар, под диригентство на маестро Саша Николовски- Ѓумар.