Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено има пукање во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.
Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив сопственикот на објектот Б.Х.(36) изјавил дека три лица меѓусебно се расправале во моментот додека ги послужувал. Според неговата, пријава, веднаш потоа тие излегле надвор и по кратко време се слушнале неколку истрели. На местото биле пронајдени четири чаури.
Министерството за внатрешни работи презема активности за расчитување на случајот.