Раскинете со стресот, еднаш засекогаш

Постои момент во сечиј живот кога мислиме дека единствено може да ни помогне да врескаме.  Тоа е така бидејќи не постои ништо пофрустрирачко, непријатно или парализирачко како стресот.

Што всушност ни предизвикува тој?

Ништо повеќе од брчки, лошо расположени и лош карактер. Но, тоа е само на краток рок. На долг рок, стресот може да предизвика сериозни проблеми кои се поврзани со пад на имунолошкиот систем, лошо однесување, депресија, анксиозност и намалени ментални способности. Тоа се причини зошто на стресот треба да се гледа како на непријател кој треба да се држи под контрола,  колку што можете повеќе.

Стресот започнува со притисокот – работа, куќа, пријатели и сл. Тој продолжува со барањата и одговорностите кои ни се наметнуваат во текот на денот, а од кои не можеме да избегаме или пак да ги промениме. Тоа што единствено можеме да го направиме во овој случај е малите начини на подобрување на стресот, кои започнуваат со редовното движење и физичка активност.

На пример, доколку секогаш ве убиваат роковите, прво нешто што можете да направите е да побарате од вашиот шеф тие да бидат продолжени. Доколку тоа не е можно, обидете се да ја завршите работата, но без претерано анализирање околу роковите или вашата способност да се справите со нив. Дури и тогаш кога го правите тоа, обидете се тоа да се случува само во текот на работниот ден, а воопшто да не размислувате за таквите рокови и односот со шефот, по работното време.

Генерално гледано, важно е да ја промените перспективата и да не навлегувате претерано во тоа зошто нештата се такви какви што се.

По крајот на работното време, научете се да се опуштите со помош на хоби, медитирање, физичка активност, дружење со пријателите и слушање музика. Не заборавајте на нештата кои ви значат и во кои уживате, бидејќи без нив, стресот навистина ќе ве сомеле. Правете нешта кои му помагаат на вашето тело да лачи серотонин, кои ве прават опуштени и мирни. Заборавете на вашите обврски, одговорности и меѓучовечки односи кои се напорни и комплицирани.

Со тек на време ќе приметите дека сте освежени во лицето, а главоболките ќе бидат сведени на минимум.