Ракометот го замени со нова професија: Дарко Станиќ се откажа од Вардар

Пред неколку дена проструи веста дека Дарко Станиќ ќе биде замената за Арпад Штербик на голот на Вардар за следната сезона.На крајот од сезоната, Штербик сигурно ќе си замине од редовите на актуелниот европски првак, па „црвено-црните“ се во потрага по квалитетна за замена за најдобриот ракометар во светот за 2017 година, пишува Спортмедиа.мк.

Првичниот избор падна на Станиќ кој пред неколку години одлично го бранеше голот на Металург. Сепак, според самиот Станиќ таа варијанта е невозможна и нема шанси да се врати на ракометот. Станиќ неодамна се вработил во едно од Министерствата во Србија и сега има постојана работа.

„Нема ништо од приказната со Вардар. Се вработив во министерството за млади и спорт во Србија. Обврските ми започнаа од минатата недела. Тоа е тоа со кое што планирам да се занимавам во иднина“, рече Станиќ, демантирајќи ги сите најави дека повторно ќе застане меѓу стативите и тоа како голман на Вардар.