Ракометарките тренираат во Скопје пред заминувањето за Шведска

Македонската женска ракометна репрезентација веднаш по враќањето од Турција, откако учествуваа на пријателски турнир продолжија со тренинзи пред стартот на новиот квалификациски циклус, овојпат за пласман на ЕП 2018 година.

„Црвено-жолтите“ в четврток ќе гостуваат на Шведска кој е прв противник на нашиот национален тим, селекцијата од која беа убедливо поразени во баражот за СП, но селекторот Симовски и неговите избранички се свесни дека можат да прикажат многу подобра игра од последните две средби со овој ривал.

За разлика од турнирот во Турција, овојпат Симовски на располагање ќе ги има сите интернационалки, кои ќе тренираат заедно се до заминувањето за Шведска в среда.