Рак : Месечен хороскоп за јули 2017

Работа

Подгответе се за стресни ситуации на работа на почетокот на месецот. Ќе бидете изложени на судот на јавноста во овој период. Внимавајте да не влегувате во скандали и слични непријатни ситуации. Се до 10 јули избегнувајте средби со луѓе кои ви делуваат сомнително. Потпрете се на својата интуција за да ги избегнете ваквите ситуации.

Од 14 јули почнува подобар период на работа. Тоа отвора простор за профитабилни инвестии. Од рака ќе ви одат административните работи, прометот со недвижности, а ќе имате корист и од огласувањето на вашите производи и услуги во медиумите.

Обидете се своите работни планови да ги држите во јавност, барем за оние кои се важни и кои можат да донесат профит. За таа цел, трудете се важните состаноци да ги правите во 4 очи и да бидете окружени само со лица од доверба.

Љубов

Ако сте во врска: Ќе ви се случува да не можете да се усогласите со емоционалните потреби на вашиот партнер. Дури и ќе ви биде тешко да разговарате и да постигнете некаков компромис. Тоа ќе предизвика напнатост, но најдобро решение е да не влегувате во отворен конфликт. Побарајте совет од заеднички пријател или личност од доверба.

Втората половина од месецот носи намалување на тензиите и отвора простор за дијалог и наоѓање решение за проблемите. Тоа ќе донесе мир и стабилност во врската. Потребно е почесто заедничко дружење, па дури и заедничко патување со партнерот.

Ако сте слободни: физичките страсти ќе бидат засилени, па вие ќе бидете во потрага по личност со која ќе започнете фина летна авантура. Нема да ве интересира ништо посериозно, но со една личност може длабоко да се поврзете и да сфатите дека чувствувате повеќе од физичка привлечност. Чувствата нема да ги искажувате на вистински начин, додека пак другата личност нема да се чувствува исто како вас.

Здравје

Движете се почесто за да се одржите себеси во добра кондиција. Избегнувајте долго седење на сонце, бидејќи иако можеби го сакате летото, топлината нема да ви одговара. Најдете начин да се разладите, но не и да настинете.

Потребна ви е дисциплина кога станува збор за исхраната. Вие често се храните набрзинка, што може да доведе до проблежи со желудникот, особено во периодот до 20 јули. Ви препорачуваме многу свежа и лесна храна. Јадете овошје и млечни производи.