Раде Шербеџија ќе одржи два концерти во Скопје

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, Раде Шербеџија, на 4 и 5 ноември доаѓа во Скопје, со два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.

Харизматичниот Раде во Скопје ќе го промовира новиот албум кој изглегува на средината во октомври. На скопските концерти  ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и др.

Како специјални гости на концертот ќе се појават Гаро и Тавитјан брадрс кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а, исто така, ќе има и други гости, како изненадување на вечерта.

Билетите по цена од 990 денари во продажба ќе бидат од денеска, преку продажната мрежа на Купи карти за сè, Југотон и онлајн.