Работниците на терен: Се гради новата атракција во Скопје (фото)

Во моментов во коритото на Вардар се поставуваат столбови кои ќе го носат целото Панорамско тркало. 


Изградбата на Панорамското тркало кое ќе никне на нов пешачки мост на Вардар се гради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Тркалото ќе биде високо 73 метри и на него ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан.

Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП, изградбата на новата атракција во главниот град ќе заврши во 2019 година.

Фото: Скопјеинфо