Работите кои мислев дека ги знам кога бев млада...

Зачудувачки е кога сега ќе почнам да размислувам на моите 20-ти години, а воедно е и по малку застрашувачки. Затоа што тогаш мислев дека знам многу работи. За некои од нив навистина бев во право. Но, сепак еве неколку теории за кои некогаш верував дека се вистинити и сакав да ги убедувам другите во тоа. Бидете среќни што не ме познававте тогаш.

Луѓето не се менуваат

Не сум сигурно зошто толку бев упорна за оваа непростлива аксиома. Можеби тоа беше само начин како да кажам дека ЈАС немам намера да се променам.  Со тоа што верував дека луѓето не се менуваат, јас си ја негирав себеси, но и на другите, можноста да учиме од нашите грешки, да расчистуваме со стари шаблони низ искреност кон самите себе и да растеме.

Жените се подобри од мажите

Да, јас бев од оние девојки кои веруваа во сестринство и феминизам. И се уште донекаде верувам во тоа, но како што одеа годините, сфатив дека жените не се единствените со товар на своите рамена. Мажите имаат свои тешкотии, ранливости, силни и слаби страни, имаат квалитети кои се за почит, но и кои знаат да иритираат – исто како и жените. Верувам дека има разлика помеѓу половите, но тоа не значи дека Марс е лош, а Венера е прекрасна. Тоа значи дека можеме да учиме едни од други. Кога бев млада некако повеќе се фокусирав на лошите страни кај мажите. Фала му на Бога што помина таа фаза од мојот живот.

Ах, само кога моите другарки би ме послушале, тие би биле среќни...

Ова беше многу јак момент, затоа што јас НЕ БЕВ СРЕЌНА во тој период. А некако бев цврсто убедена дека ја поседувам мудроста и знаењето за да им ги решам проблемите на сите останати. Не сфаќав дека да се биде млад и да имаш 20инешто години е совршено време за правење грешки, да учиш за себе и емотивно да се развиваш. Кога ќе размислам, секоја декада треба да биде ваква. Ајде да не запреме додека не умреме.

Леле, стара сум!

ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА!

Не можам да се опуштам доколку има нешто што ме мачи

Колку ми биле интересни очекувањата во тие денови. Замислував дека животот ќе ми овозможи време и место каде се ќе биде совршено и замислував дека добрите чувства се резервирани само за тие моменти. Тоа размислување водеше кон реченици како овие: „Ако ова се случи, би можела да бидам среќна. “ И така се во круг.

Со тек на време сфатив дека животот е хаотичен. Со тоа што очекував да не биде, јас бев во постојана состојба на незадоволство и мизерија. Кога сфатив дека животот дава и добро и лоши и прифатив дека сето тоа е дел од уметноста, научив дека можам да се опуштам секогаш кога ќе си дадев самата прилика за тоа.  Совршените околности не даваат мир. Уживањето во тоа каде си во секој даден момент – тоа носи мир.

Животот не е фер и тоа е ужасно

Да, животот не е фер.

Но, како и се останато, ако знаеш, ќе видиш дека не е толку ужасно ко што мислиш.

За жал, можам да пишувам бескрајно за моите младешки „мудрости“. Има толку многу работи кои мислев дека ги знам. Тоа прави да почнам да мислам што ќе мислам за себеси за едно 20 години.