Работите и денеска? - Барајте си празнична дневница

Во Македонија има голем број на празници, но сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, особено во малите фирми се на своите работни места како и вообичаено.

Во случај работодавачот да наложи да бидете на работа должен е тоа да го пријави во Трудовата инспекција и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.