Работи за кои мораме да им се заблагодариме на нашите пријатели пред да заврши годината...

Се ближи крајот на годината и како и секогаш, ова е период од годината кога размислуваме за она што поминало и за она што доаѓа. Но, никогаш не смееме да ги заборавиме нашите пријатели кои секогаш беа покрај нас.

Затоа, да им се заблагодариме на нашите драги пријатели за неколку работи (иако ги има бескрајно многу):

Фала ви што бевте покрај мене кога ми беше најлошо

Навистина верувам дека немаше да ги преживеам сите оние лоши периоди ако не бевте покрај мене. Секогаш знаете што да кажете, не се плашите да ме искарате и да ме растресете секогаш кога ми е потребно враќање во реалноста. Ми дававте најдобри совети и мотивација за да продолжам понатаму. Ме слушавте. Бевте покрај мене. Немаше да бидам тука ако не бевте вие.

Фала што ѝ се радувавте на мојата среќа како да беше ваша среќа

Вие бевте ветер во мојот грб. Вие верувавте во мене кога сама не си верував на себе. Ги прославувавте моите победи како да беа ваши. Само вистински пријатели го можат тоа. Мојата среќа растеше само затоа што можев да ја споделам со вас, затоа што вие искрено ѝ се радувавте на мојата среќа како да беше ваша.

Фала што имавте нерви да ги слушате моите драми

Секогаш кога ќе ми се случеше некаква драма, вие бевте покрај мене и ги слушавте моите глупости. Знам дека на моменти бев досадна и дека имавте и попаметни работи, но сепак бевте покрај мене. И сакам да знаете дека многу го ценам тоа.

Фала што создававте спомени со мене

Толку многу насмевки, патувања, кафиња, одење на нови места, одење на стари места... Со вас ги создадов најубавите спомени и не сакам да ова наше животно патување и сите овие авантури да престанат. Се надевам дека никогаш нема да престанеме да создаваме спомени.

Фала ви што растевте и се развивавте со мене

Ние не сме истите луѓе кои бевме кога се запознавме. Со текот на годините се менувавме и секогаш се прифаќавме едни со други.

Фала ви што ги прифаќавте моите извинувања

Фала ви што имавте развирање дека сум само човек и дека грешам. Знам дека имаше моменти кога ненамерно ве повредив или направив да се чувствувате лошо и навистина се каам поради тоа. Но, вие имате толку големо срце и понекогаш ме знаете подобро отколку што се знам себеси и ми простувавте за моите грешки.

Фала ви што ги замолчувавте сите мои несигурности

Понекогаш заборавам да се сакам себеси и заборавам дека заслужувам подобро и мојот ум се полни со несигурности. Фала ви што ме потсетувате дека треба да се сакам себеси и што знаете како да ги избришете сите сомнежи што ги имам во врска со себеси.

Фала ви што годинава бевте огромен и најважен дел од мојот живот

Сакам да знаете дека вие сте мои ангели-чувари и дека се чувствувам благословено што ве имам во мојот живот. Вие го збогатувате мојот живот и носите мир во мојот живот. Вие сте мои пријатели за цел живот.