Работи во кои ќе се пронајдат само луѓето родени во почетокот на 90-тите!

Финтата со 20-тите години е тоа што не постои некоја голема финта. Сакаш да бидеш опуштен и да се забавуваш затоа што само еднаш си млад, додека се занимаваш со сериозна работа за да не излезе дека немаш иднина. И од некоја причина, никогаш не ги завршуваш сериозните работи.

За среќа, не сте сами во оваа епидемија наречена „растење и созревање“. Сметајте се себеси за дел од групата која ги искусува следниве работи...

  • Секој викенд се сведува на истото прашање: Дали да останам дома и да пробам да си го средам животот или да одам и да лумпувам цела вечер бидејќи еднаш се живее? Во суштина викендот се сведува во двоумење и прашување: Што побогу правам јас во животот?
     
  • На почетокот на месецот сакаш да седиш дома и да штедиш малку. Дури и отвораш штедна книшка. Но, сето тоа исчезнува во првиот момент кога ќе те викнат да излезете или кога ќе пројдеш покрај некоја продавница.
     
  • И пред да се свестиш, не можеш ни ѓеврек да си купиш. А има уште две недели до плата.
     
  • Ќе почнеш да кажуваш работи од типот: Кога ќе пораснам, сакам... додека не запреш и сфатиш дека веќе си возрасна личност и се уште не знаеш што ќе правиш. А и да не ги заборавиме фразите од типот: „Кога бев дете...“, „На времето...“ кои сега сериозно ги употребуваш.
     
  • И таман си почнал да се чувствуваш старо, сфаќаш дека родителите и луѓето околу тебе се уште не те сфаќаат сериозно затоа што уште мислат дека си дете кое гледа цртани.
     
  • Почнуваш да гледаш што се случува со луѓето од средно. И добро и лошо. Освен оние кои се здебелиле, она што те изненадува е колку девојчиња останале трудни пред да наполнат 23 години. Тоа е како некоја нормална работа.
     
  • Она што денес е уште почудно се врските. Во денешно време или раскинуваш или се венчаш со некој со кој си бил доволно долго. Фактот дека дури и веридба ти паднало на памет е малку морничаво.
     
  • Создавањето контакти е тренд во моментов. Одиш на настани и запознаваш луѓе, наводно од професионални причини.
     
  • Си имаш систем на награди. Ако направиш 5 склека, одиш и дремнуваш.
     
  • Ок, излезе дека сепак нема да направиш толку пари и животот да ти биде под конец. Но, за твоја среќа, очигледно и сите останати се во истиот брод трудејќи се да не потонат. Дури и твоите родители го ценат тоа на едно друго ниво.
     
  • Таман ќе ти тргне добро еден месец: јадеш здраво, вежбаш, одиш порано на работа, си заминуваш најдоцна...
     
  • ...на крајот од месецот се сѐ распаѓа како кула од карти. Но, како и да е, животот е краток.
     
  • *додека јадеш пица* Ќе го освојам светот, само да завршам со пицава...