Има многу малку работи кои нервираат повеќе од несоница. Оние коишто страдаат од несоница многу добро го знаат ова. Се обидувате со се: тивка музика, без музика, чај, медитација, броење овци... буквално сте се обиделе со се, но ништо не помага.

Оние коишто со години мака мачат со несоницата, дефинитивно ќе се препознаат во овие изјави...

Кога ќе речете дека ќе си легнете на полноќ, тоа значи дека нема шанси да заспиете пред три наутро.

Многу е чудно кога преспивате кај некој друг, затоа што будни сте 90% од ноќта.

Премногу се специфични условите кои ви се потребни за да заспиете.

Секоја возможна мисла баш тогаш ви се појавува во главата....

...а тоа придонесува да не можете да престанете да филозофирате.

На крај се уклучувате на Фејсбук, ама сфаќате дека никој нема онлајн, затоа што сите спијат.

Постојано се превртувате во кревет од нервоза.

Постојано размислувате што би можеле да правите наместо да лежите вака бесцелно...

...а тоа обично се работи кои не можете да ги правите преку ден, затоа што сте преуморни.

Но, реално, ноќта е ваше време. Тогаш се чувствувате најслободно.

Ги броите минутите и постојано го проверувате телефонот за времето.

И кога конечно ќе заспиете, алармот ве буди после еден час откако сте заспале.

Никогаш нема да бидете ранобудник... НИКОГАШ.

Сто пати сте посакале да откажете излегување за да останете дома за да се наспиете...

...и баш тогаш сте некако најбудни.

Едноставно нема спас!